X
 16.09.2017 Технологија

„WhatsApp“ воведува одлична опција за корисниците

aplikacija

Опцијата „Delete for everyone“ е и повеќе од потребна за многу корисници на „Whatsapp“, па затоа апликацијата се обидува да воведе ваква опција преку која корисниците ќе можат да ја избришат пораката што примателот сè уште не ја примил. Иако истата опција ја има „Viber“, многу повеќе луѓе за допишување ја користат „WhatsApp“.

Опцијата ќе работи на сличен принцип како кај „Viber“, односно пораката ќе се избриши и за испраќачот и за примателот, но исто како на „Viber“, ќе остане трага во форма на известување дека испраќачот ја избришал пораката.

Опцијата е веќе тестирана на бета-верзијата на „WhatApp“ за „Windows“, па наскоро се очекува и успешно тестирање и имплементацијата во останатите системи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија