„Фејсбук“ изложил приватни фотографии од 6,8 милиони корисници на апликации што не требало да бидат јавни. Овие апликации биле авторизирани за да видат ограничен број фотографии на корисниците, но баг им овозможил да видат фотографии за кои немале дозвола. Ова вклучувало и фотографии од „сторис“ на корисниците, како и фотографии што луѓето ги поставувале, но никогаш не ги постирале (бидејќи „Фејсбук“ зачувувал копија).
Изложувањето се случило помеѓу 12 и 25 септември. „Фејсбук“ изјави дека го открил протекувањето на 25 септември; не е јасно зошто компанијата чекала досега за да го открие пропустот.
Засегнатите корисници ќе добијат известување за тоа дека нивните фотографии биле изложени. Исто така, „Фејсбук“ вели дека ќе работи со програмери за да ги избрише копиите на фотографиите за кои не требало да има пристап. 1.500 апликации од 876 различни девелопери можеби имале несоодветен пристап до фотографиите на луѓето.
Фото: Facebook
„Фејсбук“ изјави дека багот бил поврзан со грешка во логирањето на „Фејсбук“ и фотографиите, што на девелоперите им овозможило пристап до фејсбук-фотографиите во рамките на нивните сопствени апликации. Сите погодени корисници се логирале во апликација од трети лица, користејќи ги нивните фејсбук-профили и давајќи им пристап да ги гледаат нивните фотографии.
- Жалам што се случи ова - напиша Томер Бар, инженерски директор во „Фејсбук“. Објавувањето доаѓа по еден ден откако „Фејсбук“ прикажа инсталација со која корисниците можат да управуваат со нивната приватност.
„Фејсбук“ повторно и повторно се наоѓа во низа скандали поради протекување и изложување податоци, особено со „Кембриџ аналитика“. Во многу случаи проблемите не се предизвикани од хакери, туку произлегуваат од проблеми во самиот „Фејсбук“. Прекршувањето на „Кембриџ аналитика“ се случи поради недоволен надзор на програмерите и размена на податоци на „Фејсбук“; и овој проблем со фотографиите се случи поради уште еден дефект во комуникацијата меѓу „
Фејсбук“ и девелоперите.