X
 10.12.2017 Живот

Следете ја спектакуларната миграција на 50 милиони ракови

rak
Фото: Printscreen/Youtube

Секоја година, на Божиќниот Остров во Австралија, што се наоѓа јужно од Индонезија, милиони црвени ракови се подготвуваат за нивната годишна миграција.

Околу 40 до 50 милиони ракови, кон крајот на годината, се движат од шумата до брегот за да се мрестат и да пуштат јајца во морето. Воглавно во шумата го чуваат телото од влагата и сонцето, и трпеливо чекаат и се движат кога ќе заврне дожд, и кога ќе има плима и осека.

Нивната миграција може да трае до 18 дена, а овој спектакуларен настан ретко луѓето имаат шанса да го видат. Но „Гугл“ најави дека заедно со својот „Стрит вју“ и 360 камера ќе се обидат да им го доближат на луѓето начинот на кој раковите доаѓаат на брегот.

„Божиќниот остров не е на радарот на повеќето патници. Се надеваме дека луѓето ќе можат да уживаат во прекрасната глетка и миграцијата на црвениот рак“, изјави Алсадаир Григ од „Паркс Аустралија“, што соработува со „Гугл“ на овој проект.

Се очекува оваа година миграцијата да заврши на 13 декември, а „Стрит Вју“ би требало да биде достапен на почетокот на 2018 година. Додека ги чекате раковите, можете да уживате во стадата слонови во Кенија, пингвините на Антарктикот или жабите во Амазон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот