Ако се прашувате дали сте единствените што панично пребаруваат симптоми на
разни болести преку „Гугл“, одговорот е – не, сите го прават тоа. Следните пет прашања беа најчесто поставувани на „Гугл“ во 2017 година од страна на луѓе од сите краишта на светот.
Зошто чувствувам мачнина?
Чувството на мачнина е вообичаено и не е знак на ништо сериозно. Треба редовно да се хидрирате, да направите пауза во работењето и да земете некој смирувачки чај зачинет со ѓумбир.
Зошто постојано чувствувам замор?
Постојат многу причини за чувството на замор. Можеби не спиете доволно или, пак, спиете неквалитетно. Можеби ви недостига железо или ве фаќа настинка, или сте под стрес, а можеби ве совладала и депресија. Обидете се да установите рутина во спиењето и погрижете се да се храните здраво и доволно.
Што е ракот?
Ракот е термин што го користиме кога абнормални клетки почнуваат да се делат на неконтролиран начин, а понекогаш го зафаќаат и околното ткиво. Ракот расте сè додека овие клетки се размножуваат. Постојат повеќе од 200 вида канцери, од кои повеќето можат да се лекуваат.
Што е лупус?
Лупус е автоимуно заболување кое настанува кога антителата кај едно лице ќе почнат меѓусебно да се уништуваат. Речиси 90 проценти од заболената популација се жени на возраст од 15 до 50 години. За лупусот нема лек, но со соодветна терапија симптомите можат да се ублажат.
Што е сепса?
Сепса или труење на крвта може да биде опасна за живот. Се случува многу брзо, кога телото реагира на некаква инфекција и почнува да ги напаѓа своите органи и ткива. При оваа состојба заболениот на почетокот се чувствува како да е заболен од грип.