X
 31.07.2018 Технологија

Со хардверскиот клуч на „Гугл“ до поголема отпорност на хакери



„Гугл“ го демонстрираше новиот метод на логирање, кој предвидува задолжително приклучување на корисниците преку специјален уред – хардверски клуч, за да можат да пристапат до својот профил на компјутерот или лаптопот.


Катанец со бројчаник покрај тастатура
(Фото: Pixabay)


Клучот наречен Titan Security Key прво ќе им биде понуден на деловните корисници на Google Cloud Service, а потоа и на сите заинтересирани кориници преку интернет-продавницата на „Гугл“.

Намената на хардверскиот клуч е да се подобри безбедноста на корисничките профили. Корисникот ќе може да се логира на уредот само кога хардверскиот клуч ќе биде во близина.

Веќе некое време компанијата нуди и други безбедносни методи, вклучително и верификација во два чекори преку мобилна апликација или текстуална порака.

Titan Security Key ќе биде понуден во две верзии: едната се поврзува на компјутерот преку УСБ, додека другиот модел користи блутут за безжично поврзување со мобилниот телефон.

Уредот има специјален firmware кој со „Гугл“ проверува дали обидот за логирање е исправен. Харвердските клучеви користат FIDO-стандард, а исто така работат и на различни сајтови.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија