X
 26.09.2017 Култура

Швајцарците се против подолг работен век и повисок данок


Швајцарското знаме
(Фото: Pixabay)


Швајцарските граѓани изгласаа отфрлање на реформата во пензискиот систем, според која се предвидуваше зголемување на старосната граница за заминувањето во пензија на жените и зголемување на данокот.

Против реформите во пензискиот систем на референдумот се изјаснија 53 отсто од гласачите.

Оваа реформа предвидувала поместување на старосната граница за заминување во пензија на жените на 65 години, со што би се изедначиле со мажите.

Пакетот пензиски реформи вклучува и предлог да се покачи данокот на додадена вредност (VAT) за 8,3 отсто, со што би му се помогнало на државниот пензиски систем и би се зголемила сумата што се издвојува од платата за пензии.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура