Гери Дал во 1975 година добил генијална идеја. Тој собрал камчиња од мексиканската плажа „Росарито“ и подоцна ги продавал како домашни миленици. Ги нарекол камчиња миленици (pet rock), а на купувачите им ги испраќал во картонски кутии со слама и отвор за дишење како да станува збор за животно.
Гери се сетил на идејата додека во еден бар ги слушнал пријателите како се жалат на своите домашни миленици. Тој им кажал дека ги нема тие проблеми бидејќи неговиот домашен миленик е камен, а него не треба да го храни, шета, капе или негува и каменот никогаш не е непослушен.
Фото: Wikipedia
Тоа му дало идеја за бизнис бидејќи сфатил дека сè е до маркетингот. Тој сериозно го сфатил бизнисот бидејќи дури и напишал упатство за употреба на каменот како домашен миленик. Прирачникот бил полн со игри со камчињата како вистински миленици.
За Дал, најголемиот трошок било сечењето и изработката на кутиите, со оглед на тоа што секој камен го чинел еден цент, а сламата била речиси бесплатна. Го чинело и печатењето на прирачникот, кој имал 32 страници. Во него има неколку идеи како да се игра со каменот, а најпопуларната игра што ја препорачувал вклучувала преправање дека каменот е мртов.
За шест месеци Дал продал над милион примероци по цена од 4 долари за кутија. Така Дал станал милионер, а неговата идеја станала национален феномен. Со заработените пари Дал отворил бар во Калифорнија. Тој починал во 2015 година.
Од 2012 г. каменот миленик може повторно да се купи на веб-страниците за онлајн-продажба.
Извор:
DDL
Фото: Screenshot/Youtube