Што би направиле ако откриете дека некој искористил ваша фотографија без претходно да ви побара дозвола? Постои една страница наречена
Pixsy која е дизајнирана да се грижи за тој проблем така што ги следи вашите фотографии на интернет. Уште подобро, кога ќе пронајде ваша фотографија што била искористена без ваша дозвола, се обидува да ви обезбеди компензација.
Начинот на кој функционира страницата е многу едноставен: кажувате кои фотографии сакате да ги следи и таа ве известува кога ќе ги забележи некаде на интернет. Ако вие не сте го одобриле објавувањето, можете да му испратите известување на тој што ја зел. Ако сакате компензација од тој што ви ја украл
фотографијата, страницата може и тоа да го среди за вас.
Еден фотограф истакна дека страницата му обезбедила 1.400 долари за еден случај и 5.000 долари за друг случај. Кога страницата ќе ги обезбеди парите, таа зема половина од сумата. Тоа можеби изгледа како многу, но треба да се земе предвид дека таа ги средува сите правни такси и документацијата. Со оглед на тоа дека на вас останува само да ги земете парите, ова и не е најлоша зделка.
Сервисот е бесплатен за следење до 500 фотографии. За да добивате известувања за преземањата на вашата фотографија, ќе мора да платите.