X
 07.10.2017 Наука

Поставување на огромен штит околу Земјата за заштита од сончевите одблесоци

Во денешно време, човековите активности во голема мера зависат од електричната енергија. Ако нема струја, нема да функционираат компјутерите, контролните системи и целокупната комуникација. Дополнително, човековата активност во 21 век, постепено станува зависна од инфраструктурата лоцирана во ниската Земјина орбита.

фото извор: NASA Goddard Space Flight Center

Освен многуте телекомуникациски сателити кои во моментов се во вселената, има исто така и Интернационална вселенска станица и „ЏиПиЕс“ сателити. Од таа причина, соларните одблесоци се сметаат за сериозна опасност и нивната миграција се смета за приоритет. Тим на научници од „Харвард“ неодамна објавиле студија која прелага решение – поставување на џиновски магнетен штит во орбитата.
Како што велат тие, сончевите одблесоци се ризик во денешниот свет и ќе прераснат во уште поголема закана заради присуството на човековите активности во ниската Земјина орбита. Зависноста на човештвото од електричната енергија и инфраструктурата во вселената не прават поранливи на екстремните вселенски настани.

Научниците развиле едноставен математички модел за пристап до економските загуби предизвикани од сончевите одблесоци низ времето. Моделот го зема предвид зголемениот ризик од штета на технолошката инфраструктура базиран на два фактори. Прво, фактот дека енергијата на одблесоците се зголемува со текот на времето, а потоа тоа го поврзуваат со развојот на технологијата. Заклучиле дека на подолгорочен план, ретките типови на одблесоци кои се многу моќни, ќе станат почести. Предвидуваат дека за околу 150 години, ќе се случи настан кој ќе предизвика штета која се проценува на околу 20 трилиони долари, а постојано ќе се зголемува напоредно со развојот на технологијата.

Научниците помислиле и на можноста да се постави магнетниот штит помеѓу Земјата и Сонцето, каде што ќе креира заштитно поле околу Земјата. Тие обезбедиле и рудиментарна временска рамка за конструкцијата на овој штит, како и груби проценки на цената. Според нив, штитот би можел да се креира до крајот на овој век, а цената би се движела околу 100 милијарди долари за еден таков потег.

Се заклучува дека како што тече времето и технологијата напредува, присуството на човекот во вселената ќе се зголемува. Заради тоа, подготовката за драстичните вселенски настани е сосема логична и потребна.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука