X
 16.07.2017 Наука

Депресивна анализа за иднината на Земјата

Каква е иднината на човечкиот род на Земјата во наредните сто години? „New York Мagazine“ објави детална анализа која не дава позитивна прогноза.

фото
Фото: NASA

Со веќе доживеаните претпоставки за драстичниот раст на температурите и подигнувањето на нивото на морето, новата анализа укажува и на тоа дека некои неочекувани случувања кои би можат да следуваат во наредните стотина години. Ова се најважните делови од анализата кои би требало да ни ги отворат очите.

За тоа како порастот на температурите влијае врз човечкото здравје

Во средноамериканската држава Ел Салвадор, во регионот каде се одгледува шеќерна трска, скоро една петтина од населението пати од хронична болест на бубрезите. Научниците веруваат дека болеста е предизвикана од дехидратација. Пред дваесет години, температурата била пониска, па на луѓето им било полесно да работата на плантажите за шеќерна трска, но поради брзиот пораст на температурите, работните услови станале неиздржливи, а постојаната дехидрираност води до хронични болести на бубрезите.

За болестите кои ги чува арктичкиот мраз, кои со негово топење би можеле да се ослободат

Во мразот на Аљаска, научниците откриле остатоци од вируси од шпанскиот грип кој во 1918 година заразил повеќе од половина милијарда луѓе ширум светот. Болеста убила околу сто милиони луѓе, што е околу пет отсто од тогашната популација на Земјата. Пред два месеци, „ВВС“ извести дека научниците се сомневаат дека во сибирскиот мраз се кријат болести од големи сипаници до чума. Мразот може да ги зачува вирусите и бактериите, а колку мразот е постар, толку болестите во него се постари. Некои од нив би можеле да се смртоносни за луѓето и животните.

За фактот дека остануваме без чист воздух


До 2090 година, голема е веројатноста дека две милијарди луѓе нема да имаат пристап до чист воздух, односно ќе живеат на подрачја каде воздухот не ги задоволува критериумите на СЗО и не може да биде класифициран како безбеден за дишење. Едно истражување објавено пред еден месец наведува дека изложувањето на бремените жени на озон, ја зголемува можноста за аутизам кај детето - и тоа за десет пати.

За војните кои нè очекуваат


За секое зголемување на температурата од половина степен, шансите за појава на вооружен конфликт во подрачјето зафатено со температурна промена се зголемува од десет до дваесет отсто. Имено, порастот на температурите со себе носи тешки животни услови, помалку храна и вода, што доведува до кризни ситуации во кои е поголема шансата за конфликт. Ако температурата на планетата се зголеми за пет степени, би имало 50 отсто повеќе војни отколку што има сега.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука