X
 25.10.2016 Култура

Колку време престојувате, толку и плаќате - необично кафуле во Манчестер

Во Северна Англија постои необично кафуле, во кое гостите не плаќаат за изедената храна и испиениот пијалок, туку за времето кое го поминуваат внатре. 



Зиферблат“ е кафуле во Манчестер кое нуди храна, пијалок и бежичен интернер, кои можат да се користат во неограничени количини, а кога се напушта кафулето се наплаќа само времето кое сте го поминале во него, а цената изнесува шест пени за една минута.

Во пространиот објект, во кој владее домашна атмосфера – со каучи и лежерни фотелји, сопствениците применуваат сосема нов бизнис модел во угостителството, а гостите велат дека додека се во него се чувствуваат како да се дома.

Ваквиот концепт на угостителство за прв пат се применувал во Русија и ваквиот ланец на локали се шири и низ Велика Британија. Таму првото вакво место е отворено во Лондон пред две и пол години, потоа во Ливерпул и во Манчестер.

Сопственикот вели дека најкраткиот период на престој во кафулето траел само три минути, за што биле платени 18 пени, а гостинот кој престојувал најдолго се задржил 11 часа, бидејќи пишувал книга на својот лап топ.
Месечно во кафулето доаѓаат околу 10 илјади гости.  

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура