Основното училиште „Вилсон“ од САД на својата фејсбук-страница објавило таблица за спиење која предизвикала многубројни реакции и е споделена повеќе од 380.000 пати.
Речиси секој родител барем еднаш се прашува дали неговото дете оди во кревет во вистинско време. Сите знаат дека спиењето е важно за развојот на детето. Кога детето е будно, постепено се нарушува физиолошката рамнотежа во организмот, па спиењето е потребно за повторно да се воспостави рамнотежа. На децата од школска возраст потребни им се 10 до 11 часа сон. Тоа не е чудно, со оглед на фактот дека децата имаат повеќе обврски, како учењето и пишувањето домашни задачи, па тренинзи, или, на пример, музичко училиште.
Ако детето мора прерано да оди на спиење, тоа ќе се побуни и ќе му треба долго време за да заспие. Ако, пак, оди во кревет предоцна, колку брзо и да заспие, следниот ден ќе биде исцрпено.
Таблицата за спиење на децата го одредува времето кога детето треба да оди во кревет во зависност од неговата возраст, но и времето на будење. (Будењето во 6 наутро има грешка кај 8–годишниците. Тие мораат да се разбудат во 7.30, а не 19.30)
фото извор: Wilson elementary school
Во поголемиот дел од денешните семејства и двајцата родители работат во поголемиот дел од денот, па вечерта е единственото слободно време за дружење и затоа децата се подолго време будни. Така се создава лошата навика за одлагање на времето за спиење. Понекогаш е „виновно“ и гледањето телевизија и играњето игри на компјутер. Вистина е дека децата би требало порано да легнуваат, но прашање е колку порано.