Фото: iStock
Родителскиот додаток за прво дете во Србија од наредната година ќе биде 840 евра, додека детскиот додаток за деца со посебни потреби и пречки во развојот ќе се зголеми за 50 отсто, вели српското министерство за труд, вработување и социјална политика, Зоран Ѓорѓевиќ.
Министерот изјави дека воведени се и мерки за поттикнување на раѓање на деца, а кои обезбедуваат дека надоместокот за породилно отсуство во период од една година ќе можат да имаат и жени кои не се во работен однос, како и оние кои се самовработени или имаат договор на дело или договор за авторски права.
Ѓорѓевиќ истакна дека во согласност со политиката за приклучување кон ЕУ, Србија е посветена на борбата против детската сиромаштија и зголемување на финансиските средства за семејство.