X
 22.09.2021 Живот

Зошто останале сенките на луѓето на бетонот по атомската бомба во Хирошима?

Кога во утринските часови на 6 август 1945 година првата атомска бомба експлодира над Хирошима, жителите ги извршувале своите вообичаени обврски.

Некои од нив седеле и стоеле на камените скали пред банката „Сумитомо“. Еден од нив држел стап за одење. Само неколку секунди подоцна тие исчезнале во жешката светлина на атомската бомба, зад себе оставајќи ги само своите сенки.

2
Фото: Instagram

Токму во нивните сенки се зачувани последните моменти на стотици луѓе. Сенките останале зад столбовите, вентилите, велосипедите.

Кога атомската бомба „Мало момче“ експлодирала 1.900 метри над градот, блесок на силна светлина изгорел сѐ што допрел. Во првиот момент, откако експлодирала атомската бомба, температурата во нејзиниот центар достигнала неколку милиони Целзиусови степени, во дијаметар од 28 метри.

Една секунда подоцна топлотниот бран се ширел и ја уништил секоја органска материја пред него. Температурата во тој момент изнесувала околу 5.000 степени, а само три секунди по експлозијата температурата изнесувала околу 1.700 степени.

Топлината на експлозијата била толку силна, што избелила сѐ во својата зона, оставајќи морничави сенки на човечки силуети каде што се наоѓале луѓето.

1
Фото: Wikipedia

Кога експлодирала бомба, интензивна светлина и топлина почнале да се шират од местото на експлозија, а предметите и луѓето на нејзиниот пат ги штителе предметите зад себе со апсорпција на светлината и енергијата. Во овој случај, токму тоа го предизвикало создавањето на сенките на бетонот, вели д-р Мајкл Хартшорн, директор на Националниот музеј за нуклеарна наука и историја во Албакерки и професор по радиологија на Медицинскиот факултет.

Со други зборови, тие морничави сенки всушност ги обојуваат боите на тротоарите или зградите пред нуклеарна експлозија. Ако нешто се најде помеѓу зрачењето и ѕидот или која било друга површина, тој дел од ѕидот нема да биде обоен.

„Човечка сенка врежана во камен“

1
Фото: Instagram

Можеби најпознатата сенка наречена „Хито Каге Но Ишии“ - која стана еден од симболите на Хирошима, е онаа на лицето што седи на скалите. Во превод значи „Човечка сенка врежана во камен“.

Тротоарите со сенки биле извадени и однесени во Меморијалниот музеј на мирот во Хирошима. Сега таму посетителите можат да ги видат сенките на Хирошима одблизу како потсетник на ужасите што ги предизвикува нуклеарното оружје. Поголемиот дел од сенките што не биле пренесени во Музејот биле измиени од дождот.

Последиците во Хирошима биле без преседан. Една четвртина од населението во градот загина во експлозијата, а другата четвртина почина во наредните месеци.

Извор: Nationalgeographics.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот