Лавов е град во Западна Украина, во близина на границата со Полска. Лежи на реката Полтва и е првото место во Украина по бројот на зачувани културно-историски споменици. Центарот на градот во 1998 година бил вклучен на списокот со светско наследство на УНЕСКО.
Познат е по неговиот плоштад, еден од најубавите во тој дел на Европа, со 44 куќи и згради во различни стилови - од ренесанса до модернизам. Ако некогаш имате можност да го посетите овој град, побарајте ја Црната куќа на источната страна, како еден од најубавите примери за ренесансна украинска култура.
На плоштадот се наоѓаат четири фонтани, скулптури кои симболизираат митолошки суштества, а големиот број споменици што доминираат во центарот на градот датираат од 16 и 17 век. Архитектонското и културното богатство на градот го прават и црквите што сведочат за времиња кога Лавов бил важна точка на трговските патишта.
Фото: Freepik
На плоштадот доминира Операта, која се наоѓа на повеќето разгледници, а заедно со уште деветте театри и 70 музеи овој град претставува културна престолнина на Украина.
Музејот на народна култура и живот е еден од најинтересните и еден од начините да се запознаат Лавов и Украина. Музејот е на отворено и ги прикажува сите аспекти на традиционалниот украински живот, како што се фарми, цркви, ветерници и училишта поставени во големиот парк на источниот дел на центарот на градот.
Фото: Instagram
Во Украина ќе можете да се релаксирате, повеќе отколку во другите популарни туристички дестинации затоа што, како што посочуваат водичите, цените се доста поволни - наводно пиво можете да добиете за 80 центи, кафе за 60, а во евтин ресторан можете да се најадете и за 2,5 евра.
Лавов е град на чоколадото, кафето и пивото, и тука навистина не постои личност што не ужива во нив. Во овој град улиците мирисаат на кафе што доаѓа од сите страни, а кафето доаѓа со разни додатоци по ваш избор. Токму тоа го издвојува од другите градови во Украина.
Фото: Instagram
Фото: Instagram
Првата пивница во Украина била отворена во Лавов во 18 век. Токму затоа треба да го посетите Музејот на пивото, каде што можете да уживате во приказната за потеклото и културата на пивото, секако, со кригла пиво в рака.
Извор:
B92.net
Фото: Freepik