Во време кога 1% од светската популација контролира 60% од богатството, можеби понекогаш не сфаќаме колку тие се привилегирани.
Како одговор на се` подлабокиот јаз меѓу богатите и сиромашните во светот, њујоршкиот фото едитор Мајлс Литл одлучил да го документира „екосистемот на привилегираните - од работното место до образованието и слободното време“ низ серија на прекрасни фотографии.
„Можеби мислиме дека ги разбираме богатите низ холивудските филмови и таблоиди, но гледаме само една капка во морето“, вели Литл за својата изложба наречена „1% Privilege in a Time of Global Inequality“.
Во 2014 година, секој од најбогатите пет менаџери во Америка заработувал по милијарда долари, но воопшто не се медиумски експонирани.
Кога бизнис училиштетот на Харвард истражувало што луѓето мислат за тоа колку заработуваат извршните директори во однос на „обичниот“ работник, повеќето од нив мислеле дека односот е можеби 30:1.
„Во реалност, односот е 350:1. Елитата зависи од сите тие заблуди за да има помалку данок и останати привилегии во државата“, вели Литл.
1% од најбогатите луѓе држат 50% од светското богатство, додека 50% од светот држи само 1% богатство.
„Дали е тоа свет во кој сакаме да живееме? За да одговориме на тоа прашање, невидливото мора да го направиме видливо. Мораме да го објасниме тајниот свет на ултра богатите. Тоа е целта на оваа изложба“, вели авторот.