X
 24.06.2016 Култура

Еден од најважните театри во Европа погоден од криза

Берлинските локални медиуми пишуваат за скандалот кој го потресе едниот од најважните германски театари, Volksbühne am Rosa-Luxemburg-Platz. Имено, изминатата година била направена промена во водењето на театарската куќа. Франк Кастроф ќе биде заменет од Крис Деркон, кој најавил низа радикални промени откако идната година го преземе театарот.


Ситуацијата ескалирала кога незадоволните вработени во театарот во понедленикот биле поддржани од 180 реномирани режисери, глумци и други културни работници кои се обратиле до јавноста преку отворено писмо. Во тоа писмо, тие изразиле длабока загриженост за иднината на култниот театар по замената на врвот. На нивното писмо одговорил и претседател на друг голем театар, Berliner Ensemble. Тој, исто така со отворено писмо, го повикува Деркон да ја исплати договорената сума и да го раскине склопениот договор.

Долгата историја на радикалниот политички театар

Театарот бил основан на почетокот на 20 век со идејата да се создаде место на кое работничката класа ќе се запознае со авангардниот театар, а многумина ја споредуваат неговата културна репрезентативност со големи обележја во други градови.

Тетарот е познат и по своите впечатливи политички претстави кои се движат на границата меѓу класичниот театар и надреалистичкиот стил. Освен тоа, посетителите се поттикнати да донесат сопствено пиво на претставите.


Деркон не погледнал ниту една претстава 


Грижите за иднината на театарот се појавиле изминатата година, кога било најавено дека Деркон ќе го преземе раководството во 2017. Се работи за познат кустос кој водел повеќе галерии во Брисел, Ротердам, Лондон и Минхен, но проблемот е во тоа што тој нема никакво театарско искуство. Неговите критичари се плашат дека би можел да ги забрани традициите во театарот по кои тој е познат и да го насочи кон генеричен и комерцијализиран културен простор.

Освен тоа, критичарите велат дека тој воопшто не го познава театарот кој ќе го води. Имено, тој не погледнал ниту една претстава во театарот пред да прифати да го преземе.


Работите дополнително се комплицирале откако новиот директор најавил дека ќе потроши над половина милион евра во промотивни цели.

Германската министерка за култура, Моника Гритерс, жената за која се зборува дека одиграла клучна улога во донесувањето на Деркон на чело на театарот, се обидела да ја смири ситуацијата.

„Немирите во театарот не се непроблематични, но не се ниту невообичаени“, вели таа.

Сепак, незадоволните граѓани остануваат при своето.

„Ние секогаш наоѓаме креативни решенија. Запомнете дека ова е театар кој има долга традиција на револуција“, пишува во отвореното писмо.

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура