X
 16.11.2023 Наука

Во САД сѐ уште се чувствуваат афтершокови од големи земјотреси од 19 век

Некои од најсилните земјотреси во Северна Америка се случиле во 19 век, а речиси два века подоцна, централниот и источниот дел од САД чувствуваат афтершокови од овие земјотреси, покажува ново истражување.

Афтершокови се мали земјотреси кои продолжуваат да го тресат пределот кој бил погоден од поголем земјотрес. Тие се јавуваат денови или години по земјотресот и стануваат послаби со текот на времето.

Некои научници сметаат дека повремените земјотреси во делови од Северна Америка се афтершокови, па група научници од Универзитетот во Вухан, Кина, одлучиле да ја тестираат оваа претпоставка. Тие се фокусирале на три големи земјотреси со јачина од 6,5 до 8 степени по Рихтеровата скала кои се случиле во 17 и 19 век во Канада и во САД.

Користејќи статистички пристап, тие заклучиле дека повеќе нема афтершокови од земјотресот во 17 век, но два земјотреси од 19 век можеби предизвикуваат афтершокови и денес.

Било пресметано дека околу 30 отсто од сите земјотреси помеѓу 1980 и 2016 година во близина на границата меѓу Мисури и Кентаки веројатно се афтершокови од овие два земјотреси. Тие заклучиле и дека околу 16 отсто од денешните земјотреси во Чарлстон се афтершокови од земјотрес кој се случил во 1886 година.

Извор: Phys
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука