X
 21.10.2017 Живот

Најопасните градови за жените

Истражувањето опфатило 19 метрополи и во неговиот центар на внимание е безбедноста на жените токму во тие градови.


Главниот град на Египет, Каиро, е во најлоша положба на ова истражување, а за жените еднакво се опасни и Карачи во Пакистан, Кинсаса во Демократската Република Конго, но и Њу Делхи во Индија.

„Сè во Каиро е тешко за жените. Тие се мачат во сите аспекти. Дури и во обичната прошетка, жената е објект на сексуално вознемирување, без разлика дали е вербално или физичко“, вели Омаима Абу-Бакр, египетски новинар и активист за женски права.

Њу Делхи и Сао Пауло се најопасни кога се во прашање силувањата на жените, а владите на двете земји во моментов работат на агресивни кампањи за заштита на жените. 

„Дури и по групното силување во Њу Делхи, кое го шокира светот, во овој град се бележи пораст на сексуалното насилство. Иако постојат мерки за одбрана на жените, тоа не е доволно“, вели адвокатот Риши Кант од хуманитарна организација која ги поддржува жртвите на силување. Од организацијата постојано вршат притисок врз полицијата и судовите за сексуалните престапници да бидат соодветно казнети.

Истражувањето покажало дека Лондон е најбезбеден град за жени, а потоа се Токио и Париз.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот