За време на менструалниот циклус, жените реагираат побрзо и прават помалку грешки, покажува најновото истражување на Универзитетскиот колеџ во Лондон и Институтот за спорт, вежбање и здравје, кои ја оспоруваат претпоставката дека жените се помалку способни во овој период.
Во истражувањето учествувале 241 маж и жена и биле тестирани двапати, со разлика од 14 дена. Истражувањето открило дека нема разлика меѓу реакциите и точноста на мажите и жените.
Во истражување објавено во списанието „Невропсихолоџи“, истражувачите изјавиле дека голем дел од жените веруваат дека нивните симптоми негативно влијаат врз нивните когнитивни способности за време на менструацијата, што е неконзистентно со нивните реални перформанси.
Истражувањето покажа дека помеѓу овулацијата и менструацијата, период познат како лутеална фаза, жените покажуваат побавно време на реакција.
Една од авторките, Фламинија Ронка, нагласи дека истражувањето не го мери коефициентот на интелигенција, па затоа не може да се сугерира дека жените се повеќе или помалку интелигентни во која било фаза од менструалниот циклус.
Извор:
Ona.telegraf.rs
Фото: Freepik