X
 20.05.2019 Живот

Градови што драматично се променија за да ја спасат планетава

Колку побрзо се топат глечерите на Антарктикот, толку повеќе се подигнува свеста на луѓето за состојбата со животната средина, загадувањето на воздухот и претстојното глобално затоплување. Научниците сметаат дека квалитетот на воздухот убива повеќе луѓе отколку пушењето.

Затоа, градските власти на некои градови низ светот се обидуваат да го променат начинот на кој работат и да ги научат своите жители да го прават истото.

Ова се градовите што веќе се обидуваат да воспостават пристап од кој ќе има корист нашата планета.

1. Во Осло паркинзите за автомобилите се трансформирани во велосипедски патеки


Фото: Eastnews

Во Осло паркинзите за автомобилите беа трансформирани во велосипедски патеки, клупи и мали паркови. На почетокот на 2019 година градот заврши со процесот на отстранување на 700 паркинзи како начин да се стимулираат луѓето да не возат во центарот на градот. Градските власти додадоа и станици за полнење на електричните автомобили и повеќе паркинг-места за возачите со посебни потреби.

2. Властите во Буенос Аиерс поставуваат цвеќиња на патиштата за безбедноста на пешаците и велосипедистите


Фото: Depositphotos


Центарот на огромен булевар во Буенос Аирес што имал 20 ленти за сообраќај сега служи само за автобуси. Кога овие промени почнаа да се случуваат во градот, времето што жителите го поминувале на патиштата патувајќи до работа значително се намалило.

Исто така, тие успеале да ослободат 100 блока од автомобили и да ги претворат во зони за пешаци. Дополнително на тоа, велосипедските патеки се обоени во светли бои за да бидат што е можно побезбедни. Градските власти користат метод наречен тактичен урбанизам.

3. Лондон го намалува бројот на патишта



Во 2003 година владата на Лондон воведе плаќање за влез во центарот на градот за време на сообраќајниот метеж. Во 2010 година се отворија првите велосипедски патеки на најфреквентните рути, а во 2019 година беше завршен развојот на новата транспортна стратегија. Тоа би требало да го подобри квалитетот на воздухот и да го намали нивото на бучава.

За да се справи со проблемот со загадувањето на воздухот, што е поврзано со порастот на населението, владата создаде посебен план - половина од улиците ќе немаат автомобили. Исто така, ќе се изградат заштитени велосипедски патеки на главните градски улици.

4. До 2020 Сеул планира целосно да се ослободи од штетните автомобили


Фото: Depositphotos

Во 2017 година Сеул заврши со трансформацијата на автопат во пешачка зона. Сега повеќе од 10 милиони луѓе ја искористиле оваа област. До 2025 година градските власти планираат да пуштат во употреба 3.000 електрични автобуси и да ги подобрат рутите за да ги стимулираат луѓето да користат јавен превоз наместо автомобили.

5. Центарот на Мадрид е подрачје без транспорт


Фото: Depositphotos

Во ноември 2018 година властите почнаа со ограничување на возењето во центарот на градот ако поседувате штетно возило. По донесувањето на законот, сообраќајот падна за 32 отсто и тоа се случи многу брзо.

Проектот со таканаречената „област со ниско ниво на емисии“ беше дизајниран за да го направи почист воздухот во центарот на градот. Шпанската влада беше толку возбудена поради успехот на овој проект, што изјави дека ќе го забрани возењето на сите автомобили што имаат емисии над нулата во сите други градски центри во земјата.

6. Во Пекинг автомобилите можат да се возат само во одредени денови од неделата.


Фото: Depositphotos

Иако возачите во Пекинг смеат да возат штетни автомобили, тие се ограничени со време и со броевите од регистарските таблички. Ако регистрацијата завршува на одреден број, лицето може да го вози автомобилот само во одреден ден од неделата.

Исто така, градските власти предложија мала програма за финансиска стимулација за луѓето што нема да возат на дадениот ден. А во новите области владата одлучи да ги забрани сите приватни автомобили, освен електричните.

7. Во Париз огромен автопат беше претворен во пешачка зона



Во 2017 година автопатот покрај Сена беше претворен во пешачка зона. Ова е само еден од плановите на градот за да го намали нивото на загадување со намалување на сообраќајот на возилата. Исто така, постои ограничување за стари, штетни автомобили во работните денови. До 2024 година властите планираат да ги забранат дизел-автомобилите.

8. Индија целосно ќе се префрли на електрични автомобили до 2024 година


Фото: Depositphotos


Областа Ченаи се претвора во пешачки плоштад. Неговата изградба треба да биде завршена оваа година, а индиската влада соопшти дека до 2030 година сите автомобили ќе бидат електрични.

9. Копенхаген создава автопат за велосипеди



Денес, повеќе од 50 отсто од населението во Копенхаген возат велосипеди за на работа. Данската програма што се концентрира на создавање пешачки површини почна во 60-тите години, а денес главниот град на Данска има повеќе од 320 километри велосипедски патеки и еден од најниските проценти на сопственици на автомобили во Европа. Последниот чекор од нивниот проект е да се направи автопат за велосипеди. Исто така, Копенхаген планира да биде јаглерод-неутрален до 2025 година.

10. Берлин гради велосипедски автопат што не е дел од автомобилските патишта



Фото: Plataformaarquitectura.cl

Во 2017 година одделот за животна средина, транспорт и заштита на климата во Берлин спроведе истражување што конечно доведе до целосна реконструкција на 12 автопати во велосипедски автопати. Ова беше еден од првите обиди на градот да го направи патувањето околу градот што е можно побезбедно. Главната цел на владата е да го зголеми бројот на велосипедисти на 2,4 милиона до 2025 година.

11. Грузија целосно се откажува од производство и користење на пластика


Фото: Amazon

Во април 2019 година министерството за животна средина и министерството за земјоделство во земјата го забранија производството, користењето и увозот на пластични кеси. Властите предлагаат употреба на биоразградливи кеси што ќе се разложуваат за пократко време и помалку ќе предизвикуваат штета. Ако некој го прекрши законот, полицијата ќе издаде предупредување. Ако производителите продолжат да го прават истото, првата казна ќе изнесува 185 долари, а следната 370.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот