X
 25.10.2017 Образование

Семинар од областа на невронауките на УГД

Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип подготвува Семинар од областа на невронауките, кој ќе се одржи на 1 ноември 2017 година. На семинарот ќе бидат презентирани интересни предавања, поврзани со теми кои се присутни во секојдневието.



Проф. д-р Кнегиња Рихтер ќе говори на тема „Two in a bed“ – сомнолошка анализа на љубовните врски“, а проф. д-р Ленче Милошева на тема „Пасивните суицидални идеи како клинички маркери за предикција на суициди – психодијагностика и третман“. Со свое предавање ќе учествува и деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин Гулабоски, со тема која почетно беше претставена пред студентите на ФМН – „Волтаметрија – моќна техника за детекција и испитување на својствата и механизмот на акција на некои невротрансмитери“.

На семинарот се поканети и проф. д-р Гунтер Никлевски од Германија и д-р Стив Клајн од САД.

Семинарот се најавува како посебно интересен и значаен за студентите на Општа медицина, Фармација и Дентална медицина, како и за студентите запишани на докторски студии на Факултетот за медицински науки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование