„Гугл мапс“ е фасцинантна алатка за користење и откривање места што никогаш не сте ги посетиле. Исто така, можете да лоцирате и интересни места кои теоретичарите на заговор ги сметаат за мистериозни и опасни, како на пример „Аре 51“ во САД.
фото извор: Google Maps
Често мислиме дека онлајн можеме да дознаеме многу работи. Конкретно во овој случај, дека можеме да ги погледнеме тие мистериозни локации, но многу од местата што дури се сметаат за „нормални“ не се видливи за сателитот на „Гугл“, што е навистина сомнително.
Прва таква локација е Хелипуерто де Картагена во Лос Долорес, Шпанија. Од „Бизнис инсајдер“ објавиле дека нема ништо чудно во врска со ова место. Сепак, кога ќе се вклучи опцијата за набљудување на улиците, има само празни полиња, а не е познато зошто е така. Друга локација што не се прикажува е „Маркул“, нуклеарен регион во одделот Гард во Франција, кој бил изграден во 1956 година за индустриски и воени експерименти. Во 2011 година таму се случила експлозија во која едно лице загинало, а четири други биле повредени.
Блиску до мексиканско-американската граница се наоѓа Хадспет Коунти, место во Тексас кое е замаглено и изгледа како слика од импресионизмот. Никој не ја знае точната причина зошто е така, но се смета дека можеби се работи за регион во кој се одвива трговија со дрога и кој го користат мексиканските картели.
Последната локација што е недостапна за набљудување е куќа во Утрехт, Холандија. Куќата изгледа сосема нормално, но од птичја перспектива не е достапна за гледање.
Претходно од „
Гугл мапс“ цензурираа воени бази и полиња низ светот, но повеќето од нив сега се видливи онлајн, па затоа е мистерија зошто наброените региони се заштитени на ваков начин.