X
 05.05.2018 Култура

Фасцинантни самопрогласени микро-нации низ светот

Постојат неколку работи поамбициозни од кажувањето „Збогум“ на големите влади и станувањето владетел на ваша сопствена земја. Сепак, изненадува тоа што микро-нацијата - самопрогласена независна држава која не е призната од вистинска влада, не е реткост. Експертите проценуваат дека постојат стотици различни микро-нации во светот, а голем дел се производ на протести, отцепување, а понекогаш само добра детска забава.

Следниот пат кога ќе ви се пројави желба да избегате во нова земја, земете инспирација од овие фасцинантни микро-нации и размислете да создадете сопствена.

Молосиа, Невада, Америка

1
Претседателот Кевин Баг/Фото: Flickr


Кога средношколците го започнале ова диктаторство во Невада, Америка пред четири децении како училишен проект, владетелот Кевин Баг никогаш не планирал тоа да биде сериозна микро-нација. Но денес, оваа самопрогласена суверена нација со популација од 33 луѓе (повеќето иселеници, кучиња и семејството на Кевин) има земено полн замав. Воглавно позната како туристичка стапица, Молосиа нуди 45-минутни тури низ државата, сé додека го носите пасошот и го оставите оружјето.

Фритаун Кристијанија, Данска

2
Фото: Wikimedia Commons


Основана во 1971 година како хипи заедница во знак на протест на данската влада, оваа микро-нација од 850 луѓе оттогаш има единствен правен статус од страна на данските власти. Жителите живеат автономно, боемски начин на живот и имаат уметнички галерии, јога-студија и музички локации, но најпрепознатлива карактеристика на Кристијанина е отворената политика за трговија со канабис, што слободно се појавува на улиците - активност што сé уште е нелегална во останатиот дел од Данска.

Ладонија, Шведска

3
Фото: Flickr


Уметникот Ларс Вилкс ја создал оваа самопрогласена суверена нација во 1996 година по повеќе од една деценија законски битки со шведската влада поради неговите уметнички дела. Вилкс имал изградено скулптура со големина од 70 метри, наречена „Нимис“ во природниот резерват Кулаберг во јужна Шведска - област достапна само по вода или долго пешачење. Откако властите ја откриле скулптурата, наредиле да биде рушена. Но Ларс одбил и на крајот, по неколкугодишни броби ја прогласил областа Ладонија и себеси се прогласил за канцелар. Денес, областа сé уште постои со популација од 17.000 регистрирани граѓани.

Кнежевството Хат Ривер, Австралија

4
Фото: Flickr


Оваа микро-нација што се протега на 75 квадратни метри земјиште, била основана во 1970 година за Леонард Џорџ Касли, нејзиниот основач, да може да се отцепи од австралиската влада како одговор на строгите квоти за тоа колку пченица може законски да продава. Денес, Хат Ривер останува непризнаена од Австралија и сé уште е предмет на даноците и законите на земјата. Но тоа не ја спречува оваа нација да ја задржи својата независност - Хат Ривер моментално има 18.000 странски државјани кои добиле одобрение за престој преку интернет со мала надокнада.

Кнежевството Себорга, Италија

5
Фото: Wikimedia Commons


Оваа добро позната микро-нација во северозападна Италија е производ на случајно пропуштено свештенство за време на иницијативата за обединување на Италија во 1860-те, во која бил вклучен договор што одлучувал кои италијански држави ќе станат Ново Кралство на Италија, а кои ќе ѝ бидат вратени на Франција. Себорга случајно била изоставена од листата. Во 1960 година оваа микро-нација ја обновила својата независност, создала сопствена валута и војска и назначила амбасадори ширум светот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура