X
 31.10.2017 Живот

Дали спаѓате во најреткиот тип на личности?

тип

Според познатата Мајерс-Бригсова скала постојат 16 типа личности - секој човек му припаѓа на еден од нив. Некои од нив се почести, други се поретки, меѓутоа, само еден е убедливо најредок. Станува збор за INFJ тип на личноста или таканаречен „Адвокат“.

Тоа не значи дека луѓето што му припаѓаат на овој тип личности се адвокати - всушност, тие може да ги мразат правото и адвокатурата. Ова име им е дадено само за да не се нарекуваат постојано INFJ.

Типот на личност „Адвокат“ е доста редок - помалку од 1 отсто од населението му припаѓаат на овој тип, меѓутоа, луѓето од овој тип дефинитивно оставаат свој белег во светот. Тие имаат вродено чувство на идеализам и моралност, но она што ги издвојува од другите идеалистички типови на личности се нивната одлучност и волја - луѓето од типот „Адвокат“ не се сонувачи, туку луѓе способни да преземат конкретни чекори за да ги постигнат своите цели и да направат трајно позитивно влијание.

Тие имаат едноставна комбинација на карактеристики: иако зборуваат тивко, имаат цврсти ставови и неуморно се борат за идејата во која веруваат. Луѓето од овој тип на личности се одлучни и имаат силна волја, но својата енергија ретко ја користат за лична добивка - тие постапуваат креативно, имагинативно, сензитивно и самоуверено, но не за да создадат предност, туку за да создадат рамнотежа. Еднаквоста помеѓу луѓето и кармата за нив е привлечна идеја, и тие се склони да веруваат дека светот го движи љубовта и таа може да го омекне срцето на тиранинот.

Овој тип на личност лесно се поврзува со другите луѓе и е талентиран за топол и внимателен начин на зборување, преку користење разбирливи изрази наместо чиста логика и суви факти. На „Адвокатите“ некогаш им е потребно да се осамат за да се опуштат и да ја обноват енергијата. Тие се грижат за чувствата на другите и очекуваат од нив грижата да биде вратена.

За „Адвокатите“, светот е полн со неправда - но тоа не мора да биде така. Ниту еден друг тип на личност не е посоодветен да ги поттикне луѓето да ги поправат неправдите, колку и да се големи или мали.

На овој тип на личности припаѓаат Мајка Тереза, Морган Фриман, Мартин Лутер Кинг, Нелсон Мандела, но и Кит Харингтон (Џон Сноу).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот