X
 11.08.2015 Култура

Како светот околу вас го обликува начинот на размислување?


Во 1952 година, детската парализа убила повеќе деца во САД отколку било која друга болест. Само таа година биле заразени речиси 58.000 луѓе. На земјата очајно ѝ била потребна вакцина.

Во мала лабораторија на Универзитетот во Питсбург, младиот истражувач Џона Салк работел неуморно за да најде лек. Покрај неговите напори, тој не напредувал. Конечно, одлучил да направи пауза и ја напуштил лабораторијата и заминал на одмор во Италија кадешто спиел во манастир од 13-от век. Архитектурата на манастирот била комбинација од романскини готски стил. Во него, на ѕидовите имало фрески од 14-от и 15-от век.

На ова место, Салк ќе се сети на откритието кое ќе доведе до вакцина за детска парализа. Ова откритие влијаело на милиони луѓе оттогаш. Дали инспирацијата пристигнала додека Салк бил во манастирот? Или тој бил во право кога мислел дека околината влијаела на неговото размислување?

Што вели науката за врската меѓу нашата околина и нашите размислувања и акции?

Истражувачите откриле повеќе начини на кои зградите во кои живееме или работиме влијаат на нашето однесување. Начинот на кој реагираме на одредена ситуација честопати е поврзана со околината во која се наоѓаме. На пример, долго време е познато дека училиштата со поголем пристап на природна светлина се подобри за учениците и имаат подобри резултати на тестовите. Потоа, зградите со природни елементи вградени во нив помагаат во намалување на стресот и смирувањето. Просториите со високи покриви и големи соби поттикнуваат покреативно размислување.

Што значи оваа поврзаност за луѓето?

Се покажало дека секоја навика која ја имате, добра или лоша, честопати е поврзана со некаква работа од околината. Ова е важно бидејќи повеќето од нас живеат во истиот дом, одат во истата канцеларија, јадат во истата соба секој ден, а тоа значи дека постојано сме поттикнувани од истите работи.

Доколку однесувањето се обликува од страна на околината, а луѓето продолжуваат да работат и живеат во истата околина, не е чудно зошто им е тешко да се откажат од навиките.

Со обликувањето на околината може да се поттикне подобро однесување и да се спречи полошо.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура