X
 10.07.2024 Технологија

Компанија сака да ги користи сигналите на безжичниот интернет во вашиот дом како детектор за крадци

Не многу луѓе имаат аларм за крадци, но многу луѓе имаат рутер за безжичен интернет во нивниот дом. Што ако оваа мрежа можете да ја претворите во безбедносен систем што може да открие крадци?

Токму ова се обидува да го постигне една компанија. Имено, компанијата „Гемги“ вели дека интернетот може да послужи и за други цели.

- Со анализа на прекините на безжичниот интернет, нашиот систем ги доловува уникатните особини на телесната маса и одењето на луѓето, што во суштина создава „отпечаток од телото“ што е исто толку карактеристичен како отпечатокот од прст. Ова ни овозможува не само да правиме разлика помеѓу човек, домашно милениче или нежив предмет, туку и да препознаеме одредени луѓе врз основа на нивните уникатни знаци на движење - велат од компанијата.

Но, технологијата на „Гемги“ не може да се вклучи на вашата постојна мрежа, туку потребни се специјален рутер и мрежни уреди за да ја користите оваа технологија.

Извор: Xda-developers.com
Фото: Gamgee
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија