X
 06.11.2017 Култура

Наставен план за факултет според Умберто Еко


Умберто Еко
(Фото: Wikimedia Commons)


Компаративна ирелевантност (1)

Отсек за оксимороника (2)

Цигански урбанизам
Муслиманска енологија
Фонетика на немиот филм
Браева иконографија
Револуционерни институции
Франко-германски јазици
Урало-меланезиски јазици
Угро-романски јазици
Селенитска хидрографија
Парменидова динамика
Хераклитова статика
Тибетанска океанографија
Сидерална микроскопија
Гастро-офтамологија
Византиско спартанство
Девијантни институции
Институции на масовната аристократија
Институции на народната олигархија
Историја на новите традиции
Елементите на стареењето во моментот на раѓањето
Тавтолошка дијалектика
Булова еристика
Отсек за неможното
Богатството на етрурскиот јазик во средниот век
Морзеова морфематика
Историја на антарктичкото земјоделство
Историја на Соединетите Американски Држави во хеленистичката епоха
Историја на сликарството на островот Пасква
Современа сумерска книжевност
Институции на монтесоријанска докимологија
Психологија на толпата во пределите на Сахара
Феноменологија на хроматските вредности на Христовата покривка
Историја на палеолитското сликарство
Историја на земјоделството во периодот јура
Историја на семејството како институција кај темпларите
Анатомија на африканските тигрици
Асиро-вавилонска филателија
Астешки коњски трки
Технологија на тркалото во претколумбиските империи
Аерофагиска терапија кај бесењето
Синтаксичко кркорење на цревата
Фонологија на паузата
Отсек за византологија
Хидраулична кефалоктомија
Феноменологија на гласовниот удар во данското фелацио
Семафорика на трикратна и четирикратна раскрсница
Микроскопија на нераспознатливото
Психотерапија на ненормалните целини
Теорија на деловите (дополнување на теоријата на целини)
Основно сметање (дополнување на сублимно калкулирање)
Рафинирано сметање (дополнување на интегралното сметање)
Зермелова историја на очигледноста
Постапка за вклучување на трета можност
Неформална логика
Историја на Рајнините извори
Арс обливионалис
Историја на филозофијата на пре-пресократовците
Археологија на археолошките институти
Географијата на Ватикан
Дополнување на дополнувањето
Историја на колониите на кнежеството Монако
Историја на Акбар

Студентите ќе се стекнат со диплома од компаративна ирелевантност ако положат:

18 испити од предметите кои воопшто не се поврзани меѓу себе. За секој единечен испит потребна е библиографија од шеесет наслови по предметот, сите со името на кандидатот. Не е потребно насловите да одговараат на расправата, нити таа да одговара на насловот. Библиографијата треба да биде изработена согласно печатарските критериуми на издавачот „Мутон“ од Хаг.

1    Иако настанал во седумдесеттите години за време на една долга седница на Советот на факултетот, а во соработка со Е. Рајмонди и Г. Сандри, проектот за Факултет по компаративна ирелевантност веќе беше во какопедискиот дух и затоа го вклучувам токму тука.

2    Стилска фигура при која духовито се поврзуваат два противречни поими.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура