X
 11.06.2022 Живот

Денес е позната како „мајка на модерната алгебра“, но патот до таа титула не бил лесен

Една роденденска забава одржана во 1893 година во Германија можела да биде сосема обична ако на неа не била присутна необичната девојка Еми Нетер.

Еми Нетер пораснала со тројца браќа и татко, познат математичар. Живеела во свет на имагинација во кој главни ликови биле Хипатија и Софија Ковањевска. Сакала да се образова на ист начин како и нејзиниот брат Фриц, но во тоа време девојчињата во Германија не можеле да одат на универзитет.

Но, да се вратиме на прославата. Децата пееле, играле разни игри и јаделе колачиња. Таткото на Ема, Макс, решил да ги забавува децата со загатки и сите внимателно го слушале.

Првата била: - Вајарот по име Бели, виолинистот по име Црни и актерот Црвени се сретнале на кафе. Еден од нив рече: „Јас имам црна коса, еден од вас двајца има црвена, а друг бела, но на никој од нас бојата на косата не му е во согласност со името. Вајарот Бели му рекол: „Сосема си во право“. Ве прашувам вас, деца, каква боја била косата на актерот Црвени?

Настанала тишина, едно дете се пожалило дека немаат доволно информации и дека им е потребно името на првиот уметник. Но, Еми рекла: - Не, ги имаме сите информации што ни се потребни. Знам дека скулпторот има црна коса. На другите деца не им било јасно како таа дошла до одговорот и дали воопшто е точен.

- Одговорот е точен - потврдил таткото на Еми, но побарал од неа да го објасни. Девојката објаснила: - Вајарот Бели рече дека првиот уметник е во право, што значи дека Бели знае дека тој самиот нема бела коса и знае дека првиот има црна коса. Така, Бели има црвена коса. Останува Црвени да има црна коса, а Црни да има бела коса.

еми
Фото: Wikipedia

На сите им станало јасно како дошла до решението, а Еми била уверена дека сака да биде математичарка.

Единствена жена на универзитетот


Седум години подоцна, кога имала 18 години, сакала да се запише на факултет на кој биле запишани нејзиниот брат и татко. Универзитетот ја одбил нејзината апликација бидејќи била девојка, но ѝ дозволиле да присуствува на предавањата. Студирала математика две години, без никаков статус. Подоцна ѝ било дозволено да полага приемен испит и да се запише на докторски студии. По пет години студирање, таа била првата што докторирала во својот клас, и тоа една година порано.

Универзитетот во Ерланген имал строги правила според кои жените не можеле да бидат на професорски позиции, но тоа не ја обесхрабрило Еми, па продолжила да се занимава со научна работа. Работела напорно и ги објавувала своите дела. Феликс Клајн и Дејвид Хилберт ги забележале нејзините достигнувања и ја поканиле да им се придружи на Универзитетот во Гетинген.

Иако не била сигурна дали како единствена жена на универзитетот ќе биде добредојдена, таа ја прифатила поканата. Конечно се вработила како професорка; првите три години работела без плата, а подоцна ѝ бил даден мал надомест. И покрај времето во кое живеела, нејзината страст кон науката била посилна и денес е позната како „мајка на модерната алгебра“.

Со својата упорност и ентузијазам таа ги инспирирала другите девојки да се занимаваат со математика и да дадат значајни резултати.

Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот