Фото: Helena Pallares
Една ноќ во Токио, во годините пред Втората светска војна, Хисако Којама погледнала нагоре во вселената и здогледала како една ѕвезда паѓа. За многу луѓе ова би било нешто секојдневно, нешто што не е вредно за забележување. Но за Којама, впечатокот што го оставил метеороидот бил вистинска инспирација.
Без формална обука, таа некако станала астроном и набљудувала само една ѕвезда - Сонцето, со посветеност каква што не можела да се најде во изминативе 400 години. Нејзините секојдневни набљудувања на темните дамки на Сонцето, извлечени со рака, се еден од најригорозните и највредни записи за соларната активност некогаш направени, а Хисако заедно со Галилеј се смета за еден од највнимателните, посветени набљудувачи на небесните сфери.
„Обичноста на нејзината работа, која ја применувала повеќе од 40 години, стана извонредна“, вели Делорес Книп, истражувачки професор по воздушно инженерство на Универзитетот во Колорадо во Боулдер и главен автор на делото за животот и работата на Којама.
Најголемата сончева точка од 20 век, 5 април 1947/Фото:
ational Museum of Nature and Science
Којама ги почнала астрономските набљудувања во текот на темните ноќи на војната. Таа гледала во ѕвездите кога светлата од градот ќе исчезнеле и се консултирала со нејзините листи од ѕвездите, светејќи со светилка кон нив, криејќи го нивниот сјај. Нејзиниот татко ѝ дал телескоп од 36 милиметри, а во 1944 година таа ја насликала својата прва скица од Сонцето и ја испратила во Ориенталната астрономска асоцијација. Таа сакала да ја набљудува Месечината, меѓутоа, опсегот на нејзиниот телескоп не бил доволно голем за да ги открие сите детали.
Фото: Соларните проминенции фатени од вселената, 1973/Фото: NASA
Охрабрена од претседателот на соларната секција, во 1946 година Којама почнала да користи рефрактор-телескоп од 20 сантиметри во Музејот за наука во Токио, сега познат како Национален музеј за природа и наука, за да ја документира активноста на Сонцето. Со слика од Сонцето, проектирана на лист хартија, таа забележувала црни точки што ја испреплетувале површината. Наскоро таа станала член на персоналот во музејот, а во наредните четири децении поминувала многу часови гледајќи го Сонцето и цртајќи ги неговите точки. Највредното од нејзината техника била нејзината конзистентност.
Точките на Сонцето се артефакти на магнетните циклуси на Сонцето. Тие укажуваат на места каде што магнетната активност го забавува преносот на топлина. Во период од 11 години овие точки се појавувале во различни концентрации на различни ширини, почнувајќи поблиску до столбовите на Сонцето и патувајќи кон својот екватор. Забележувањето на појавата и исчезнувањето на овие точки бара добра процена од страна на набљудувачот. Сончевите точки често се појавуваат во групи, со кластерирани темни дамки, каде што магнетното поле е најсилно. Методот на набљудувачот да ги изброи точките и кластерите може да се разликува, особено со текот на времето, кога технологијата на телескопите се менува и ги разјаснува деталите за површината на Сонцето. Она што порано било документирано како точка со технологија од 17 век, денес може да биде дефинирано како кластер ако се набљудува со алатките на 20 век.
Група точки на Сонцето, цртеж на Којама од 15 ноември 1960 година/Фото: National Museum of Nature and Science
Големото достигнување на Којама била зависноста на нејзините набљудувања. Во период од 40 години таа направила повеќе од 10.000 цртежи на променливите карактеристики на Сонцето. Во сите овие записи таа го следела истиот стандард за да го следи броењето и ги правела сите набљудувања од иста точка на Земјата. Повеќето од нив биле направени со истиот телескоп. Нејзините записи се доста темелни.
Некои од колегите го препознале талентот на Којама и ја охрабриле да ги објави своите трудови. Во 1985 година нејзините трудови се појавиле како книга - „Набљудување на точките на Сонцето 1947-1984“. Но дури и во областа на астрономијата таа била малку прославена. Во 2015 година Книп прва ја видела нејзината слика, во аголот на презентациски слајд, и била изненадена. Никогаш не видела таква слика. „Како можев да не го знам ова?“, помислила таа.
Соларна ерупција, 10 јуни 1973 година/Фото: NASA
Впечатокот од сликата бил повеќе од минлив и ја инспирирал Книп да состави запис за животот на Којама.
Бидејќи била астроном аматер, без напредна диплома, набљудувачките записи на Којама биле помалку ценети во професионалниот астрономски свет. „Можеби ситуацијата била уште полоша затоа што била жена, а жените не добиваат толкав кредибилитет колку мажите. Кога ќе ги споите сите фактори заедно, нејзината историја исчезнуваше“, вели Книп.
Но луѓето што ја познаваат работата на
Којама сметаат дека е достојна за восхит.