Фото: YouTube
Дури и ако мразите пајаци, ќе го засакате овој. Џошуа Слиз создал кратка анимација и го замолил неговиот внук Лукас да го позајми гласот за анимираниот пајак.
Крајниот резултат е одличен, а се надеваме дека „Пиксар“ ќе го забележи ова интересно дело и ќе го претвори во цртан филм.
„Ова е тест-анимација на ликот на кој работев. Јас стојам зад дизајнирањето, моделирањето, анимацијата и осветлувањето“. Во продолжение можете да го погледнете
видеото, што дефинитивно ќе ја излекува вашата арахнофобија.