X
 04.06.2022 Забава

Калуѓерки од Италија основаа фудбалски тим и го воодушевија целиот свет

Иако звучи сосема неверојатно, низ светот одекна веста дека група калуѓерки го основале првиот фудбалски тим на калуѓерки во светот.

На почетокот од годинава 18 од цела Италија се собрале во Милано, додека дел од нив пристигнале од различни делови на светот, од Мадагаскар, Мексико и Романија. Најмладата фудбалерка во формираниот тим има 27 години, а најстарата 52 години.

Повеќето од нив играле фудбал и пред да станат калуѓерки. Така, за младиот тим на Виченца настапувала сестра Аника Фабијан, која игра на позицијата напаѓач.

- Мајка ми не беше среќна кога ги напуштив часовите по танц поради фудбалот. Таа ми рече да ја оставам целата опрема надвор бидејќи е полна со кал. Но, по некое време се навикна - вели 32-годишната Аника.


Најстарата калуѓерка, 52-годишната Емилија, била фудбалска ѕвезда во својата земја Романија, играла за врвен тим и била избрана да се приклучи на женската репрезентација. Но, таа ги напуштила својата фудбалска кариера и својот свршеник кога ѝ се јавила желба да стане калуѓерка.

Таа го основала црковниот фудбалски клуб „Три архангели“ во Италија. Објавила оглас во кој ги повикува момчињата и девојчињата, на возраст меѓу 7 и 18 години, да му се приклучат на нејзиниот тим. Сестра Емилија имала силна желба да привлече помлади луѓе во црквата, во која присуствувале само постари верници, што ѝ успеало на овој начин. Така почнала нејзината кариера како тренер.

Таа и нејзините соиграчи сѐ уште ја користат секоја можност да излезат на теренот и да играат на натпревари најмногу за хуманитарни цели.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава