X
 21.10.2023 Забава

Играње „Монопол“ во парк, на 86 квадратни метри, за 300 евра

Во паркот „Дискавери медоу“ во Калифорнија се наоѓа најголемата табла за „Монопол“, една од најпопуларните друштвени игри во светот, каде што целта е да освоите што повеќе земја и да заработите пари од изградените хотели.

 
Оние што сакаат да играат на таблата од 86 квадратни метри, која е влезена во Гинисовата книга на рекорди, можат да го сторат тоа. На играчите им се дава џиновска коцка за играње и џиновски шешири за да се идентификуваат, а ако немаат среќа, одвреме-навреме ќе облечат и затворска униформа. Цената за играта е околу 300 евра, а е повисока за компаниите. Ако одлучите да играте, треба да си резервирате место една година однапред.

Креаторот на играта, Американецот Чарлс Дароу, ја добил идејата за „Монопол“ на почетокот на 20 век, инспириран од играта „Лендлорд“ дизајнирана од писателката и новинарка Елизабет Меги како форма на политички активизам, па за тоа добила 500 долари.

Од друга страна, Чарлс, кој во тоа време бил невработен продавач, ја понудил својата игра на производителот на игри „Паркер брадерс“, кој ја прифатил идејата и добро му платил. На почетокот на 20-тите години на минатиот век компанијата „Хасбро“ станала сопственик на играта и оттогаш се објавени десетици различни изданија.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава