X
 15.11.2017 Култура

Еве како ќе изгледаат куќите на иднината, отпорни на урагани!


Куќа на иднината 1
(Фото: Arkup.com)


Сезоната на урагани би требало да заврши на крајот од овој месец, а 2017 година ќе остане запаметена како една од полошите во евиденцијата на Националниот центар за урагани, кој ги мери штетите уште од 1900 година.

Според неговите најави, ова е само почетокот на ерата на силни урагани што ќе следи во иднина, па затоа и архитектите почнале да специјализираат изградба на куќи кои ќе бидат поотпорни на временски непогоди. Тие планираат изградба на таканаречени безбедни градови, за човечките и материјалните штети да се сведат на минимум. Новите технологии би требало да овозможат подобра заштита на теренот и инфраструктурата од силните водни бранови и од ураганските удари.

Архитектот Коен Олтуис и неколку колеги покренале стартап-компанија за развој на проект на куќа која би можела успешно да „преживее“ ураган и поплава што вообичаено следува по него.

Луксузно осмислениот концепт е дизајниран така што во случај на поплава, куќата би лебдела по пловни канали, реки или во близината на морскиот брег.

Авторите на оваа идеја тврдат дека ваквите куќи ќе бидат отпорни и на налети од ветер. Позната како „одржлива јахта“, оваа лебдечка елегантна градба, според зборовите на проектантите, би требало да преживее и во најекстремни временски услови. Во тој случај би се активирал хидрауличниот систем кој ќе ја држи куќата закотвена на морското дно, а во случај на големи бранови, со помош на носач би се подигнала над површината на водата за да се спречи внатрешно поплавување.


Куќи на иднината 2
(Фото: Arkup.com)

Овиe куќи, односно „одржливите јахти“ би се напојувале со сончева енергија, а би собирале и дождовница која би се користела во домаќинството.

Овој концепт ќе биде претставен на крајот од ноември во Форт Лодердејл, на Меѓународниот саем на бродови.

Стартапот наречен „Аркап“, според библиската лаѓа, ја опишува визијата на компанијата:

„Порастот на градското население, подигнувањето на морското ниво и енергетска независност се клучните предизвици на модерното време. Нашето решение е единствен, авангарден концепт за живот на вода. Комбинацијата од истражувања на обновливи извори на енергија, технолошки иновации и современиот архитектонски дизајн ќе го смести вашиот нов дом помеѓу морето и градот.

Прототипот на дизајнот ќе може да се види идната година на Мајами Ривер, а продажбата би требало да почне идното лето. Куќата би чинела околу два милиона долари.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура