Основачот и директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, и неговата сопруга Присила Чен ќе му подарат 12,1 милиони долари на Универзитетот „Харвард“ како помош за 2.300 студенти во наредните 15 години. Средствата ќе им овозможат на студентите со ниски приходи да се вработат во јавните служби.
Програмата ќе го носи името „
Присила Чен“, која и самата како студент на „Харвард“ користела такви средства работејќи во Бостон.
Закерберг на својот профил на „Фејсбук“ ја сподели информацијата со своите пријатели и следбеници дека за оваа програма на Универзитетот дознал од својата сопруга на нивниот прв состанок.