X
 03.04.2020 Образование

Белата куќа вработила студенти на високи работни позиции

Белата куќа неодамна вработила двајца студенти на работни позиции кои се клучни во администрацијата. Главната причина за тоа, според властите, е лојалноста што се очекува од страна на новите вработени.

Последниот вработен во резиденцијата на американскиот претседател Доналд Трамп е Антони Лабруна, како заменик на одговорното лице за односи со јавност во министерството за трговија, пренесуваат локалните медиуми.

Оваа одлука загрижила многумина, кои се скептични дека некој толку млад и неискусен ќе работи на толку важно место.


Фото: Pixabay

Лабруна треба да дипломира на универзитетот во Ајова во мај и работел на кампањата на Трамп за претстојните претседателски избори. Лабруна има 22 години, односно една година е помлад од Џејмс Бејкон, кој бил вработен минатиот месец во претседателската канцеларија за вработување.

Бејкон е последна година на студии на универзитетот „Џорџ Вашингтон“ и бил вработен како директор за операции во канцеларијата. Тој претходно работел во министерството за транспорт и во министерството за урбан развој. Работата на кампањата на Трамп го принудила да го одложи дипломирањето. Оваа работна позиција претходно била пополнета од страна на Катја Булок, која била во нејзините доцни 70-ти години.

Автор: Даниел Полити
Извор: Slate.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование