Ново истражување објавено во магазинот „Science“ покажува дека времето на спиење може да биде најдобро време за зацврстување на вашето учење на широк спектар на вештини.
Без разлика дали учите француски, учите да кодирате или некој нов спорт, изложувањето на вашите сетила до правилни активатори за време на спиењето може да доведе до подобрени перформанси откако ќе се разбудите.
Додека спиете, вашиот мозок е зафатен со обработка и консолидирање на сето она што сте го научиле во текот на денот. И покрај тоа што мала е веројатноста да се здобиете со нови вештини од нула во текот на овој период, голема е веројатноста да се зајакне вашаа меморија и да се подобри процесто на зајакнување на вештините кои моментално ги учите. Вие исто така, може да генерализирате се` она што сте го научиле, што значи дека можете да ги поврзете новите информации со постоечките информации кои се зачувани во вашиот мозок и се применуваат на наодите на многу различни ситуации.
Вклучувањето на вашите сетила и додека учите, и додека спиете покажува дека е еден од начините преку кои можете да влезете во комуникацијата помеѓу хипокампусот (местото кадешто се создаваат спомени) и другите кортикални области (местата кадешто се чуваат спомените). Едно истражување покажува усовршување на играта „Concentration“ преку душкање на мирисите додека играте и подоцна додека спиете. Друго истражување покажува дека учесниците биле одлични во „Guitar Hero“ откако слушнале меки мелодии додека спиеле. И трето истражување покажува дека слушањето на холандски вокабулар додека спиете им помогнало на швајцарско-германските говорници полесно да го научат јазикот.
Дали примената на оваа метода наскоро може да стане дел од нашите ноќни рутини? Тоа ќе го покаже времето. Во меѓувреме, не би било лошо да заспиете со вашите слушалки додека слушате вокабулар на зборови за кои сте учеле или додека ја мирисате истата свеќа која сте ја мирисале додека сте учеле како да играте шах. Во најмала рака, ветувачки е тоа што добар број на истражувања се посветени на овој потценет дел од нашите животи, особено во култури кои не прифаќаат непродукитвно време..