X
 25.11.2017 Наука

Илон Маск верува дека суперинтелигентни вонземјани нѐ набљудуваат оддалеку

Годинава Илон Маск шпекулираше дека суперинтелигентни вонземјани можно е да го набљудуваат човештвото без ние да го знаеме тоа.

фото извор: Wccftech    

Маск смета дека ако веќе постојат такви суперинтелигентни видови, многу е веројатно веќе да нѐ набљудуваат, но тој исто така потенцира дека човештвото не е толку интелигентно за да го сфати тоа. Иако овој став е малку груб кон човештвото, Нил де Грас Тајсон во една пригода кажа сличен став.

Ставовите на Маск и Тајсон нудат можно решение на парадоксот „Ферми“, контрадикцијата помеѓу математичката поддршка дека вонземјаните мора да постојат и нашиот недостиг од доказ дека тоа е така. Маск исто така наведува и на различно утврдена хипотеза која го решава „Ферми“ парадоксот – хипотеза на зоолошка градина. Оваа мисла, претставена од астрономот Џон А. Бал во 1973 година, објаснува дека вонземските цивилизации можат да бидат доволно напредни за да знаат како да не влијаат врз нашето примитивно општество, но нѐ набљудуваат и проучуваат оддалеку.

Но, од која причина Маск верува дека вонземјаните можат да нѐ набљудуваат? Прво, тука е математиката. Секоја напредна вонземска цивилизација што се интересира за населување на галаксијата, дури и без надминување на брзината на светлината, ако се движи со околу 10 или 20 проценти од брзината на светлината, галаксијата може да се насели за речиси 10 милиони години, 20 милиони максимум. Ова е ништо во целата таа голема шема, смета Маск.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука