X
 18.01.2017 Наука

Еволутивен недостаток: Која крвна група најтешко поднесува болести?

Различноста на крвните групи, односно постоењето на четири крвни групи, А, Б, АБ и 0 има врска со еволутивната предност.

Австрискиот доктор Карл Ландстајнер во 1900 година, открил три крвни групи А, Б, и 0. Ова било огромно откритие и Ландстајнер во 1930 година ја добил Нобеловата награда за големо достигнување во медицината. Неколку години подоцна била откриена и крвната група АБ.

Она што една крвна група се разликува од другите се нејзините антигени или обвивката околу црвените крвни зрнца, кои на телото му помага да ги распознае крвните клетки.

grupa
Фото: Freepik

Ако пациентот со крвна група А прими трансфузија од донатор со крвна група Б, антитетлата во организмот на пациентот ќе добие крв која не му одговара. Тука постои ризик од згрутчување на крвта која може да го загрози животот на пациентот. Постојат два главни антигени кои ги опкружуваат околните црвени клетки, наречени А и Б. Ако вашата крвна група е АБ, во вашето тело се наоѓаат А и Б антитела.

На крвната група 0 ѝ недостасуваат антигените А и Б поради што антителата на пациентите со крвна група 0 ги напаѓаат антителата на крвните групи А и Б во текот на трансфузијата. Поради тоа пациентот со крвната група 0 може да прими само крв од истата крвна група.

Крвната група А е најстарата крвна група и сите останати крвни групи се формирани како резултат на мутации кои на човекот му биле потребни за да преживее, односно да биде отпорен на одредени болести.

Пред 5 милиони години настанала крвната група 0, а набрзо после неа настанала крвната група Б. Се верува дека овие мутации преживеале благодарејќи на отпорноста на одредени болести. На тој начин научниците откриле дека клетките заразени со маларија се не врзуваат лесно со крвната група Б или 0, што значи дека луѓето со овие крвни групи се поотпорни на маларија отколку луѓето со крвна група А. Затоа може да се каже дека крвната група А, е послаба од другите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука