X
 26.11.2017 Наука

Откриен нов метод за уништување на клетките на ракот

рак
Фото: Thinkstock

Британските научници пронашле начин во крвта да откријат имунолошки клетки што ги уништуваат клетките на ракот и ги размножуваат истите неколку милиони пати.

Неутрофилите ја претставуваат првата линија на одбрана на организмот против туѓите тела и се дел од она што се нарекува вроден имунитет (за разлика од стекнатиот имунитет).

Се верува дека овој тип на клетки е главна причина зошто некои луѓе успеваат да се изборат со смртоносните видови на тумор.

Поради тоа, компанијата „Лифт Биосајнс“ во соработка со Кралскиот колеџ во Лондон, планира да спроведе тестирања со кои испитаниците ќе добијат третман со неутрофили.

„Не зборуваме за едноставен третман против ракот. Моментално бараме терапија што ќе се прима еднаш неделно, а која би можела да го излекува ракот во период од 5-6 недели“, вели Алекс Блајт, извршен директор на компанијата. „Нашата крајна цел е да ја создадеме првата банка на неутрофили во светот, клетки што имаат силна способност за елиминирање на ракот“, додава тој.

Тимот најпрво ќе започне со третман на рак на панкреасот - еден од најсмртоносните видови рак во светот.

Неутрофилите во организмот живеат само пет дена и исчезнуваат пред имунолошкиот систем на болната личност целосно да се подготви во борбата против ракот. Еден од најчестите проблеми е тоа што неутрофилите често не ги препознаваат клетките на ракот како туѓо тело, а некогаш се случува и да ги штитат клеките на ракот од самиот имунолошки систем.

Сепак, кога ќе се насочат кон ракот, нивното дејство е толку силно што во период од 24 часа можат да уништат до 95 отсто од канцерогените клетки, покажуваат лабораториските тестови.

Тестирањето би требало да започне во 2018 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука