X
 26.03.2021 Здравје

Зошто треба да користите маслиново масло во исхраната и како да знаете кое е вистинско?

Повеќе од половина од маслиновите масла што се продаваат на пазарите како екстра девствени не одговараат на таа декларација. Затоа е важно да знаете како да препознаете вистинско екстра девствено маслиново масло.

Постои едноставен трик што ќе ви помогне да го откриете вистинското: оставете го маслото во фрижидер 24 часа. Ако се згусне и се стврдне, тогаш станува збор за вистинско масло, а ако не се промени, тоа значи дека има адитиви.

Важно е да знаете дека во никој случај овој вид масло не се чува во фрижидер, туку на потемно место, на собна температура и во шише со темно стакло.

Притискање и филтрирање

Користете екстра девствено маслиново масло во вашата исхрана секогаш кога е можно поради неговите исклучителни карактеристики. Екстра девственото масло има антиоксидантно и антиинфламаторно дејство. Чистото девствено маслиново масло е најздраво бидејќи се добива со едноставно притискање и филтрирање на здрави маслинки. Доколку на декларацијата пишува „маслиново масло“, производот би требало да се добие со мешање на рафинирано маслиново масло со екстра девствено или девствено маслиново масло.

Екстра девственото маслиново масло не содржи повеќе од 0,8 грама слободни масни киселини изразени како олеинска киселина на 100 грама масло, додека девственото маслиново масло се добива директно од маслинката, исклучиво со механички постапки и содржи најмногу 2 грама слободни масни киселини изразени како олеинска киселина на 100 грама производ.

маслиново масло
Фото: Freepik

На девственото масло пишува „масло добиено директно од плодот на маслинката исклучиво со механички постапки“. Колку е поизразена горчината, толку повеќе антиоксиданси содржи, што е пожелно за кардиоваскуларното здравје.

Маслиновото масло помага во намалување на лошиот холестерол и вкупниот холестерол во крвта и го зголемува добриот холестерол, а ја намалува и појавата на аритмии, згрутчувањето на крвта и формирањето на тромб. Помага во нормализирање на шеќерот во крвта и затоа е пожелно во исхраната на луѓето со дијабетес. Покрај тоа, ја штити кожата, генскиот материјал во клетките, помага во неутрализирање на негативните ефекти од пасивното пушење и го зајакнува одбранбениот механизам на нашето тело.

Може да се користи и за пржење


Прашањето што често се поставува е дали е дозволено маслиново масло за пржење? Одговорот е: секогаш претпочитајте да го ставате во салати, но и покрај вообичаеното верување дека маслиновото масло не треба да се користи при готвење бидејќи се уништуваат сите негови вредни материи, ништо лошо нема да се случи дури и ако го користите за печење и пржење.

Маслата богати со незаситени масни киселини обично не се погодни за пржење, но маслиновото масло е исклучок затоа што содржи висока концентрација на мононезаситена олеинска масна киселина што придонесува за стабилноста на маслото на високи температури.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје