Таа беше најмултимедијалниот учесник на натпреварот на колумнисти што во изминатите три месеци го организира Факултети.мк. Својата креативност ја изразуваше преку проза, поезија, слогани, серии пораки. Марија Грубор е дипломиран психолог, поетеса, прозаистка, колумнистка и фотографка.
Дипломирала на Институтот за психологија во Скопје, а потоа се запишала на постдипломски студии на Институтот за општествени и хуманистички науки со намера да ги продлабочува знаењата и искуствата од критичките теории. Има објавувано песни, есеи, написи и колумни во повеќе печатени и дигитални списанија, блогови и портали, а учествувала на две фотографски изложби во Скопје и една во Белград.
Како колумнист, учествувате во натпреварот кој траеше 12 недели. Што Ви беше најголем предизвик во пишувањето?
- Самиот момент на креација возбудува и поттикнува струење на многубројни доживувања, искуства и заклучоци. Оттука, доколку морам да издвојам еден најголем предизвик – тоа би било сведување на сите овие струи на една или две, кои би биле носечки столбови на новата творба.
Имавте ли проблем со инспирација? Размислувавте ли во некој момент да се откажете?
- Никогаш. Ниту сум човек кој знае за откажување (ако морам, попрво би се дефинирала како магаренце на мост), ниту пак имав проблеми со инспирација. Всушност, можно е да имав проблем со ПРЕМНОГУ инспирација.
Водејќи се од ова искуство, што би им препорачале на оние што не се јавно промовирани, а сакаат да пишуваат?
- Ако им годи пишувањето, задолжително да продолжат да полнат тефтери со белешки, мисли, идеи, почетоци на раскази, стихови и сите пишуванки што ќе им паднат на ум... едноставно: merece la pena, како што би рекле моите другари од Каталонија.
Најчитани колумни на Марија:
1.
Кој ви ги скрши белите крилца
2.
Тесна кожа
3.
Триптих посветен на моќта и слободата
Сите колумни на Марија прочитајте ги
ТУКА