X
 02.12.2017 Забава

Дали би гледале еден ист филм 352 пати?

netflix

Кога сакаме филм, го гледаме повторно, и повторно. Но еден корисник на „Нетфликс“ го изгледал истиот филм стотици пати.

Филмот?

„Madagascar 3: Europe's Most Wanted“. Со оглед на тоа што е 2 декември, ова значи дека корисникот го гледал повеќе од еднаш во текот на денот.

2
Фото: Paramount

За оние кои не го гледале филмот, приказната ги следи авантурите на четири животни од „Централ Парк зоолошката“. Животните ги поминале нивните животи во прекрасно заробеништво во зоолошката и се борат да преживеат откако неочекувано се испратени во Африка.

Во третото продолжение, животните сè уште се обидуваат да се вратат во зоолошката, меѓутоа се принудени да отпатуваат во Европа за да решат грабеж во банка.

Годишната статистика на „Нетфликс“ исто така открива дека новогодишниот ден е најголемиот стриминг ден во годината, додека најгледаната серија без престан е „Greenleaf“, а најгледаното шоу за семејства е научно-фантастичниот хорор „Stranger Things“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава