Џун Озборн сака права и се чини дека Џилијад се подготвува за војна.
„Хулу“ го објави трејлерот за четвртата сезона на хит-серијата
„Приказната на робинката“, а наградуваната серија се враќа на малите екрани на 28 април.
Продуцентите истакнуваат дека серијата ќе се врати со поконцизна содржина во четвртата сезона со само 10 епизоди, од кои првите три ќе бидат веднаш достапни, а другите седум ќе се прикажуваат на неделно ниво.
Многумина веруваа дека серијата ќе се одложи поради пандемијата, но тоа не се случи.
Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube