X
 21.11.2015 Култура

Предлог до таткото на градот: Паркинг простор за велосипеди

Лондон вложува напори за да ја подобри својата велосипедска инфраструктура, меѓутоа се`уште има недостаток на безбедно складирање.

 

velosiped


„Eco Cycle“ се обидува да го поправи тоа. Оваа автоматска машина ги става во кружен, вертикален „багажник“ кој е сув и безбеден. Велосипедите подоцна им се вратени на сопствениците со еден удар на картичката.

Машината е поставена во околината на Саутварк. Откако корисникот ќе ја удри неговата картичка, машината му го чува велосипедот, и подоцна со повторно удирање, машината му го враќа велосипедот.

 

1


Технологијата на „Eco Cycle“ се користи во Јапонија уште во 2002 година. Откако ја обезбеди лиценцата за имплементирање на технологијата во Велика Британија, маркетинг директорот на „Eco Cycle“ Ник Најт вели дека ова е прв пат моделот да биде имплементиран на друго место. Постојат два видови на оваа машина - едниот чува до 204 велосипеди, и помала верзија која чува 58 велосипеди. И двата модели личат на мали кули и можат да бидат поставени или над земја, или под земја.

 

2

3


За да го искористат поголемиот модел, велосипедистите треба да да го стават велосипедот во вратата. машината ќе ја препознае етикетата и ќе одтвори мал дел од вратата за предното тркало на велосипедот. Откако велосипедот ќе биде обезбеден, корисникот прави чекор назад, а велосипедот се транспортира во кулата.

 

4


За да го врати велосипедот, велосипедистот треба да дојде до машината и да ја удри картичката. Нивниот велосипед автоматски ќе биде преземен од локацијата во кулата па на приземје. Процесот на враќање не трае подолго од 13 секунди.

Со овој дизајн, велосипедистите повеќе нема да мораат да употребуваат синџири или брави.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура