X
 07.12.2017 Живот

Нов поглед на светот со мапата за светските популации

Според податоците на ОН за светските популации, населението на Нигер ќе се зголеми за 866 проценти од 2015 до 2100 година, односно од 19.897.000 жители, земјата ќе има 192.187.000. Се предвидува дека популацијата на целата планета ќе достигне 11,2 милијарди до 2100 година.

фотоизвор: UN

Првите 10 земји во кои се предвидува дека ќе има зголемување на популацијата во овој период се:

-    Нигер, 866 %
-    Ангола, 520 %
-    Замбија, 486 %
-    Сомалија, 468 %
-    Танзанија, 464 %
-    Бурунди, 435 %
-    Уганда, 432 %
-    Конго, 397 %
-    Средна Африка, 390 %
-    Мозамбик, 382 %

Како ќе се променат најголемите земји во светот:

фото извор: UN

Популацијата во Велика Британија се предвидува дека ќе се зголеми од 65.397.000 на 80.975.000 до 2100 година. Комплетните извори на податоците можете да ги погледнете на оваа веб-страница.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот