X
 08.01.2018 Живот

Критиките на Сократ за демократијата

Некои од најголемите мислители во историјата наоѓале причини за да ја одбиваат демократијата. Упатувале многу критики, добро смислени, па дури и на најголемите поддржувачи на демократските идеали аргументите на мислителите ги замислувале и ги воделе кон рефлектирање на поимите во владите и општествата.


Сократ имал неколку проблеми во врска со демократијата додека живеел во Атина. Некои од одлуките донесени од атинската демократија биле речиси луди, донесени од политичко тело кое не ја одредувало надворешната политика. Неговите одбивања на демократијата се спротивставени во делата на Џон Стјуарт Мил, чија љубов кон демократијата била исто толку голема колку и одбивноста на Сократ.

Мил се согласува дека масите не треба да ја имаат апсолутната моќ, па смета дека давањето право на глас на едуцираните е многу поважно од што било друго. Популацијата што живее во деспотско општество би била намалена на битија кои не размислуваат и својот ментален капацитет го употребуваат само за извршување на секојдневните работи. Само демократијата може да произведе граѓани со доволна когнитивна моќ за одржување на демократијата, смета Мил. Додава и дека сите треба да ја имаме слободата за да го избереме начинот на живот, што е витално прашање, бидејќи без оваа слобода луѓето не би можеле да истражуваат нови идеи, да откриваат нови нешта и целосно да се развиваат како луѓе. Во општество каде што сите ја следат истата религија, ги вреднуваат истите работи и практикуваат исто хоби, индивидуализмот никогаш не може да цути, потенцира Мил. Тој разбирал дека луѓето можат да направат погрешни избори кога гласаат, но слободата дава позитивни резултати.

Сепак, Сократ нуди одлични критики за демократијата. Проблемот со соодветното едуцирање на гласачите, заканите од демагогија и инсистирањето дека луѓето со директна моќ можат да бидат просветлени. Но, Мил покажува како демократијата, со нејзините маани, ја дава најдобрата можност за раст како индивидуи во едно општество – се разбира, ако имаме волја да ги преземеме потребните чекори за таа демократија да успее.
 
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот