Фото: Printscreen/Youtube
Ако сте во потрага по филмски божиќни класици, тогаш задолжително погледнете го „Апартман“. Станува збор за филм што „Индипендент“ го прогласи за најдобар филм со божиќна тематика.
Романтичната драма-комедија на режисерот Били Вајлдер од 1960 година е прогласена за најдобар божиќен филм на сите времиња. Филмот има освоено пет „Оскари“, а во главните улоги ги толкуваат Џек Лемон и Ширли Меклејн.
Според „Индипендент“, ова е класик што го доловува
божиќниот филм и дава надеж за подобра иднина.