„Истребувач“ на Ридли Скот е класичен, дистопичен, научнофантастичен филм, снимен во 80-тите години, но всушност неговото дејство се случува во 2019 година.
Во него ликовите се облечени суперфутуристички, со сајберпанк облека. Со оглед на тоа што уште малку нѐ дели од новата 2019 година, луѓето почнаа да коментираат за тоа колку се точни предвидувањата на филмот.
- Само потсетник за тоа како треба да почнеме да се облекуваме наредниот месец - вели еден твитер-корисник.
Некои, пак, не можеа да поверуваат дека дејството на „
Истребувач“ е во 2019 година.
Други рекоа дека се облекуваат исто како во филмот.