X
 08.12.2017 Живот

Божиќната желба на едно момче ќе ви го скрши срцето

momce
Фото: Facebook

Додека милиони деца испраќаат писма до Дедо Мраз во кои бараат играчки или, пак, му кажуваат дека се однесувале примерно во текот на годината, едно момче од Луизијана се надева на нешто многу поголемо.

Претходно оваа недела градскиот советник Џеј Бенкс од Њу Орлеанс сподели анонимна листа од едно момче што било примено во YMCA програмата. Во писмото момчето вели дека едноставно се надева дека ќе добие нови чевли и „посреќен живот“ за Божиќ.

„Ова е една од најфрустрирачките работи што сум ги видел. Момче од четврто одделение има можност да побара нешто што сака за Божиќ, и ова е она што го бара. Нов велосипед, „Иксбокс“, други играчки или многу други работи не се нешто што би ме вознемирило, но за момче од четврто одделение да побара посреќен живот е нешто што би можело да ти го скрши срцето“, вели тој.

„Постојано мислам низ што минува ова дете и колку други деца поминуваат низ истите работи, како можам да им помогнам. Не знам што да направам“, вели Бенкс, додавајќи дека иако не се сеќава многу на периодот кога бил четврто одделение, сигурно не се сеќава на копнежот за посреќен живот.

Стотици корисници коментираа на постот на „Фејсбук“ со лајкови и коментари, а дел од нив на Бенкс му нудат совети и предлози како да им помогне на децата што им е потребно многу повеќе од материјални подароци.

 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот